На ден 06.10.2020, во салата на Совет на Општина Струга, се одржа единаесетата седница на Советот за развој на ЈЗПР. На Седницата учествуваа Градоначалниците и претставници од општините од регионот и вработените во Центарот за развој. На Седницата, експертот д-р Јован Манасијевски, ја презентираше новата регулатива во функција на социјална инклузивност, транспарентност и партиципативност.
На Седницата се разгледаа и усвоија и други точки од тековното работење на Центарот за развој на ЈЗПР, и тоа:
Предлог – одлука и Одлука за преотстапување на работи извршени во Општина Центар Жупа – Реконструкција на постојна собраќајница во н.м. Житинени
Предлог – одлука и Одлука за преотстапување на работи извршени во Општина Македонски Брод – Реконструкција на постојна собраќајница Димитар Влахов
Предлог – одлука и Одлука за преотстапување на работи извршени во Општина Вевчани – Изведба на нови собраќајни решенија “Алулој-Гогој”, “Костојчини 3”, “Ќежој 1”, “Попеј-Бебекој” и “Пупини-Ќежој”
Предлог – одлука и Одлука за преотстапување на работи извршени во Општина Вевчани – Набавка и монтажа на ПВЦ прозори и врати за потребите на објектот на Домот на култура во Вевчани
Предлог – одлука и Одлука за преотстапување на работи извршени во Општина Струга – Изведба на работи за реконструкција на објектот на ЈОУДГ “8-ми Март”
Предлог – одлука и Одлука за преотстапување на работи извршени во Општина Дебар – Изведба на проектот за реконструкција на кров во ОУ “Пенестиа”
Предлог – одлука и Одлука за преотстапување на работи извршени во Општина Центар Жупа – Изведба на работи за реконструкција на административна зграда во Центар Жупа
Предлог – одлука и Одлука за преотстапување на работи извршени во Општина Кичево – Набавка и монтажа на ПВЦ прозори и врати за потребите на објектот на ЈОУДГ “Олга Мицеска”
No comment yet, add your voice below!