Skip to content

ОГЛАС За прием на работник на определено време (11 месеци)

ДАТУМ

јануари 21, 2022

Категории

Врз основа на член 22 и член 23 од Законот за работни односи (Пречистен текст ”Сл. Весник на РМ” бр. 167/15, 129/15, 27/16, 120/18 и 110/19), член 7 став 1 алинеја 4 и 5, и член 8 став 2 од Одлуката за основање на Центарот за развој на Југозападниот плански регион, а согласно Проектот ,,Оддржлив и инклузивен рамномерен регионален развој – II фаза од проектот”, Директорот на Центарот, објавува

 

ОГЛАС

За прием на работник на определено време (11 месеци)

 

За следната работна позиција:

  • Координатор за Регионалниот Бизнис Центар во рамки на Центарот за развој на Југозападниот плански регион – 1(еден) извршител

 

Покрај општите услови за вработување предвидени со Законот за работни односи, кандидатите треба да ги исполнуваат и следните посебни услови:

  • VII / Б степен или со стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС – Факултет од областа на општествени или природни науки
  • Со или без работно искуство
  • Активно познавање на англиски јазик
  • Познавање на работа со компјутери
  • Познавања од регионалниот развој и системот на локалната самоуправа
  • Познавање на позитивните законски прописи, подзаконските акти и Владините регулативи релевантни за планирање, имплементација и евалуација на Програми за развој и поддршка на приватниот сектор
  • Искуство во подготовка, координирање и имплементација на проекти
  • Комуникативност, аналитичност, креативност.

 

Работникот ќе работи на спроведување на проектните активности во рамки на Регионалниот Бизнис Центар поврзани со Проектот ,,Оддржлив и инклузивен рамномерен регионален развој – II фаза од проектот”.

Потребни документи за аплицирање:

  • Доказ за завршен соодветен вид на високо образование
  • Биографија (CV)
  • Мотивациско писмо
  • Копии од документите кои го потврдуваат стекнатото работно искуство
  • Копии од документи кои потврдуваат искуство на проекти
  • Копии од сертификати кои ги потврдуваат познавањата наведени во посебните услови

 

Огласот е отворен 5 (пет) работни дена од денот на објавувањето во дневниот печат, и започнува да тече првиот нареден работен ден по денот на објавата.

Со селектираните кандидати кои ги исполнуваат условите ќе биде извршено интервју.

Работодавачот ќе изврши избор во рок од 15 работни дена по истекот на рокот за пријавување.

 

Работни часови неделно: 40; Работно време од 08:00 до 16:00; Работни денови: од понеделник до петок

Основна нето плата: 22.443 денари

Контакт телефон: 046 701 005

Пријавите за вработување со потребните документи да се достават до: Центар за развој на Југозападниот плански регион, ул.“Владо Малески Тале“ бр.1/5, П.Фах 27, 6330 Струга.

Ненавремено доставените и некомплетни документи нема да се разгледуваат.

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy