Skip to content

Реконструкија на административна зграда во Кичево

ДАТУМ

февруари 3, 2025

Категории

Центарот за развој на Југозападниот плански регион, во рамките на регионалниот проект „Подобрена енергетска ефикасност во ЈЗПР“, ги заврши активностите за реконструкција на административната зграда на Општина Кичево.

Во изминатиот период, во оваа зграда, се изврши целосна реконструкција на надворешната фасада со нова термо фасада, замена на столаријата и целосна внатрешна реконструкција. Во надворешниот дел од ѕидовите, е изработена нова термо фасада од стиропор од 10 цм во површина од 382 м2, додека пак столаријата е заменета со нова изработена од ПВЦ и тоа 16 проозрци и 4 вратии 12 внатрешни врати изработени од медијапан. Во делот на внатрешната реконструкција се малтерисувани сите ѕидови од ново, таваните се спуштени со системот од кнауф табли со изолација како и се реновирани подовите со нов ламинат и изолација. Исто така, реконструкцијата, ги опфати и тоалетите и скалите.  Вкупната инвестиција за овој зафат е околу 6,2 милиони денари, од кои 5,8 милиони финансирани од Бирото за регионален развој преку програмите за рамномерен регионален развој за 2023/2024 година, и околу 400.000 денари од буџетот на Општина Кичево.

Во рамки на истиот проект, веќе се завршени активностите во Општина Дебрца – реконструкција на административната зграда, Општина Вевчани – реконструкција на детската градинка Планински цвет, додека во тек е реализацијата на активностите во Општина Охрид – реконструкција на санитарните јазли во детските градинки Лихнида и Росица.

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy