Центарот за развој на Југозападниот плански регион, во соработка со Министерството за локална самоуправа преку Бирото за регионален развој, реализираше дел од проектот: „Јакнење на капацитетите на ЈКП преку набавка на опрема“, преку кој беше набавена тракторска телескопски хидраулична рака со мулчер и додаток за кастрење.
Оваа современа опрема ќе биде ставена во употреба од ЈПК „Комунална хигиена“ – Македонски Брод, со цел зголемување на ефикасноста и безбедноста при одржување на јавните површини во општината Македонски Брод. 

Со современа механизација чекориме кон поуреден, побезбеден и поеколошки Македонски Брод! 
No comment yet, add your voice below!