Skip to content

Подигнување на енергетската ефикасност и кристењето на обновливите извори на енергија во пограничниот регион

Состојба на проект

Реализирани проекти

Датум на отпочнување

октомври 28, 2020

Датум на реализација

ТИП НА ФИНАНСИРАЊЕ

Национални фондови

БУЏЕТ (ДЕНАРИ)

0

Цели на проектот
Основните цели на проектот се поврзани со дефинирање и зголемување на употребата на обновливите извори на енергија и енергетската ефикасност во прекуграничниот регион што го покриваат, од една страна, Југозападниот плански регион, од Република Македонија и, од друга страна, Регионот на Корча во Република Албанија. Проектот е финансиран од Европската Унија како дел од ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Албанија. Водечки партнер на проектот е “Центарот за енергетска ефикасност на Македонија – МАЦЕФ” во партнерство со “Центарот за развој на Југозападниот плански регион” од Република Македонија и “Албанија-ЕУ Центар за енергетска ефикасност” и Регионалниот совет на Корча од Република Албанија.
Резултати
– Организиран промотивен настан за презентација на проектот;
– Организирано едно отворено предавање за ЕЕ и ОИЕ;
– Испечатен флаер за проектот;
– Изработен прашалник за реализација на анкета за ЕЕ и ОИЕ;
– Спроведена анкета врз 1100 испитаници од Регионот;ж
– Изработен Извештај по спроведена анкета и ПП презентација од анкетата;
– Изработен прирачник за учесници на отворено предавање за ЕЕ и ОИЕ.

Галерија

Парнерски општини: /
Документација 

Споделeте го овој проект

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram