Skip to content

Студија за планирање и означување на пешачки и велосипедски патеки во ЈЗРП

Состојба на проект

Реализирани проекти

Датум на отпочнување

октомври 28, 2020

Датум на реализација

ТИП НА ФИНАНСИРАЊЕ

Национални фондови

БУЏЕТ (ДЕНАРИ)

0

Цели на проектот

Основната цел на Студијата е креирање на инфраструктурна мрежа, од пешачки и велосипедски патеки, што ги интересира многубројните културни и природни знеменитости и другите атрактивни локации во “најтуристичкиот” регион во Македонија. Инаку, сите сфери на општественото живеење директно или индиректно зависат од сообраќајната поврзаност и од состојбата во транспортната инфраструктура. Гледано од собраќаен аспект, во Југозападниот плански регион недостигаат патеки за алтернативните – еколошки и пред се – погодни за здравјето начини за превоз, кои се практични и посакувани за употреба особено за туристички посети, а тоа се пешачењето и употребата на велосипедот, што беше и основен мотив заради кои се пристапи кон изработка на оваа Студија.
Со Студијата се трасирани 49 пешачки и велосипедски патеки со вкупна должина од 655 км, како и три дополнителни за т.н. екстремни спортови со должина од 91 км, и опфат на деветте општини од Регионот.
Резултати од проектот
– Спроведена анкета на 1100 испитаници;
– Подготвена работна верзија на студијата;
– Презентација на работната верзија;
– Изработена финална верзија на студијата и нејзино печатење.

Галерија

Парнерски општини: /
Документација 

Споделeте го овој проект

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram