Цели на проектот
Општа цел:
Основна цел на проектот е преку набавката на машината за чистење на канализациониот систем е подобрување на комуналната инфраструктура и одржување на канализационата мрежа со цел заштита на јавното здравје, намалување на ризикот од поплави и обезбедување долгорочна функционалност на системот во цела територија на Општина Дебрца.
Специфични цели:
- Спречување на затнувања и дефекти – редовното и ефикасното чистење ќе обезбеди непречен проток на отпадни води.
- Подобрување на хигиената и јавното здравје – ќе се намали ризикот од заразни болести и ширење на штетни материи.
- Зголемување на ефикасноста на одводниот систем – модерната технологија ќе овозможи брзо и квалитетно одржување на системите.
- Заштита од урбани поплави – спречување на натрупување на отпад и намалување на ризикот од излевање на води при обилни врнежи.
- Долгорочна одржливост на инфраструктурата – ќе се продолжи векот на траење на канализациониот систем и ќе се намалат трошоците за санација и поправки.
Резултати:
- Подобрување на хигиената и јавното здравје – Намалување на ризикот од поплави и излевање на отпадни води, што може да спречи ширење на заразни болести и почиста околина со помалку непријатни мириси и насобран отпад во канализацијата.
- Намалување на инфраструктурни проблеми – Подобрување на функционирањето на канализациониот систем, што значи помалку дефекти, затнувања и потреба од скапи поправки и подолг век на траење на канализационите цевки, бидејќи редовното чистење спречува натрупување на талог и корозија.
- Финансиски и економски придобивки – Намалување на трошоците за итни интервенции и санации, што долгорочно ги штеди парите на локалната самоуправа и подобрување на квалитетот на живот, што може да ја зголеми атрактивноста на општината за инвестиции.
- Намалување на ризикот од природни непогоди – Почиста и функционална канализација значи подобро справување со обилни дождови и спречување на поплави во населените места.
Извештај за реализација на проектот