На ден 12.11.2019 година, во х. Дрим во Струга, се одржа средба со претставници на општините и граѓанскиот сектор со цел да се предложат проекти што би се спроведувале во наредната 2020 година.
Предложените проекти беа иницирани од четири работни групи:
– економски развој
– социјала и образование
– туризам и култура
– животна средина
Предлозите што произлегоа по оваа средба, рангирани според значењети и интересот за нивна имплементација, ќе бидат доставени на усвојување до Советот за развој на Југозападниот плански регион.
No comment yet, add your voice below!