Skip to content

Конституиран Советот за развој на Југозападниот плански регион

ДАТУМ

декември 3, 2021

Категории

Струга, 03 декември   Денеска, во Струга, се одржа конститутивна седница на новиот состав на Советот за развој на Југозападниот плански регион, на која за претседател на ова тело е избран градоначалникот на Општина Струга, Рамиз Мерко. Заблагодарувајќи се изборот, Мерко нагласи дека очекува континуитет во регионалниот развој, и поголема поддршка во реализацијата на проекти што ќе придонесат за намалувањето на диспаритетите меѓу регионите во државата, како и во нивните рамки.

Членовите на новиот состав на Советот беа информирани за тековните, како и за новите проекти што треба да се реализираат во тековната, и во следната година. Од околу 126 милиони денари, средства што се планирани да се реализираат во следната година преку Центарот за развој на Југозападниот плански регион, се очекува околу 115 милиони да бидат пласирани во деветте општини, со цел да се подобрат условите за живот. Поголемиот дел од средствата се од националниот буџет, преку Бирото за регионален развој и другите линиски министерства, а останатите се од донаторската заедница. Во тој контекст ќе биде продолжена соработката со Швајцарската агенција за развој и соработка, за што денес, членовите на Советот беа информирани од претставникот на Проектната единица од Проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“, Сара Османи. Таа нагласи дека наскоро ќе бидат потпишани договорите за реализација на инвестициските проекти , и за што на ниво на Регион, ќе бидат  поддржани проекти во висина до 300 илјади швајцарски франци.

Инаку, денеска се одржа и конститутивна седница на Советот за социјална заштита на Југозападниот плански регион, а за претседател беше избран градоначалникот на Општина Македонски Брод, Жарко Ристески. Се очекува, ова ново регионално тело, преку ангажманите на општините и регионот, да се придонесат во подобрувањето на социјалните услуги на граѓаните во Југозападниот плански регион.

 

 

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy