Skip to content

Оглас за здруженија на граѓани

ДАТУМ

декември 10, 2021

Категории

Врз основа на член 21, точка 10, 13,14 и 15,  а во врска со членот 22, точка 1, алинеја 9 од Законот за рамномерен регионален развој (Сл.Весник на РСМ бр.24/21 и 174/21), и врз основа на Одлуката на Советот за развој на Југозападниот плански регион бр.01-194/1 од 03.12.2021 година, Советот за развој на Југозападниот плански регион, објавува

ОГЛАС

за избор на член – претставник од здружение на граѓани 

во Советот за развој на Југозападниот плански регион

 1 (еден) претставник со мандат од четири години

 

Основни критериуми за избор на член-претставник од здруженијата во Советот за развој на Југозападен плански регион се:

– правните лица, апликанти да бидат регистрирани најмалку две години, со седиште и делување на подрачјето на една од деветте општини (Вевчани, Дебар, Дебрца, Македонски Брод, Кичево, Охрид, Пласница, Струга, Центар Жупа)  во состав на планскиот регион,

– правните лица, апликанти согласно со Статутот на организацијата да делуваат во областа на локалниот и на регионалниот развој, и

– правните лица, апликанти да имаат имплементирано најмалку два проекти од областа на локалниот и регионалниот развој.

 

Мандатот на членот-претставник од здруженијата во Советот за развој на Југозападниот плански е 4 (четири) години.

Членот – претставник од здруженијата треба редовно да учествува во работата на седниците на Советот за развој на Југозападниот плански регион, и е без право на глас;

Процесот ќе го спроведе Комисија, а самиот избор ќе го извршат пријавените кандидати кои ги исполнуваат наведените критериуми.

 

Напомена: Членот-претставник од здруженијата во Советот за развој на Југозападниот плански регион функцијата ќе ја извршува на волонтерска основа.

Огласот е отворен 5 (пет) работни дена од денот на објавувањето.

Заинтересираните здруженија да достават документи со кои ќе докажат дека ги исполнуваат условите наведени во јавниот повик во следнава адреса:

 

Центар за развој на Југозападен плански регион

ул. Владо Малески Тале бр.1/5, П.Ф. 27, 6330, Струга

или преку електронска пошта:

a.vlashi@southwestregion.mk

 

Совет за развој на Југозападниот плански регион

Претседател

д-р  Рамис Мерко с.р.

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy