Skip to content

Регионален форум за избор на инвестициски проект во Југозападниот плански регион

ДАТУМ

март 14, 2022

Струга, 14 март 2022    Со одржувањето на првата регионална форумска сесија на која учество зедоа околу 70-тина претставници од деветте општини од Југозападниот плански регион започна процесот на предлагање и концепирање на инвестициски проект, што ќе биде поддржан за финансирање од страна на Министерството за локална самоуправа и Швајцарската агенција за развој и соработка.


Согласно договорот што Центарот за развој на Југозападниот плански регион го има потпишано со Министерството за локална самоуправа во следниот период, врз основа на генерираните проектни идеи, ќе се пристапи кон анализа на трите најиздржани решенија, по што ќе биде изработена и соодветна техничка документација за нивна изведба.

На следната форумска сесија, што ќе се одржи кон крајот на април, се очекува, учесниците уште еднаш ќе ги разгледаат трите концепти, како и расположивата техничка документација по што ќе биде извршено рангирање на проектите по степенот на важност за Регионот, како и нивната усогласеност со  стратешките документи од областа на регионалниот развој. Последниот збор го има Комисијата формирана при Министерството за локална самоуправа, која ќе ги разгледа сите аспекти на доставените проектни предлози, врз основа на што ќе биде одлучено кој проект ќе биде поддржан за финансирање во Југозападниот плански регион со околу 20 милиони денари. Во основа активностите на проектот треба да имаат инвестициска и дигитална компонента, а треба да ја запазат социјалната инклузија, родовата еднаквост, како и заштитата на животната средина.

Инвестициските проекти се водат под Грантовата шема, што е дел од проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“, финансиски поддржан од Министерството за локална самоуправа и Швајцарската агенција за развој и соработка. Ова е втора фаза од проектот, а во првата Центарот за развој на Југозападниот плански регион успешно го реализира проектот за реконструкција и осовременување на центарот за физикална терапија во болницата Св. Еразмо во Охрид.


Прилог материјали:

– Дневен ред

Листа на учесници

Листа на учесници по работни маси

Записник од модераторот
















Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy