Skip to content

Пуштен во употреба реконструираниот пат за Бајрамовци во Општина Центар Жупа

ДАТУМ

мај 17, 2022

Категории

13 мај 2022, Центар Жупа    Во присуство на Повереникот на Влада за вршење на работите на градоначалник на Општина Центар Жупа, г-дин Аријан Ибраим, директорката на Центарот за развој на Југозападниот плански регион м-р Мирјана Лозаноска, заедно со Изведувачот на работите фирмата „Маркоски К 73“ од Струга и подизведувачот „Прогрес“ од Гостивар, во присуство на Надзорниот орган- Конструктор ДООЕЛ Струга, извршија технички преглед и го пуштија во употреба реконструираниот пат од н.м. Центар Жупа до н.м. Бајрамовци.

 

Локалниот пат е во должина од 1.600 м  и со извршената реконструкција и положување на нов асфалтен слој значајно се подобрени условите за безбедно одвивање на сообраќајот,  како за моторните возила, така и за пешаците и за велосипедистите бидејќи улицата има и банкини што овозможува сигурност за сите учесници во сообраќајот. Вкупната инвестиција е 8.3 милиони денари, а средствата е  се обезбедени од националниот буџет преку Програмата за рамномерен регионален развој на Бирото за регионален развој.

 

Оваа активност е дел од проектот „Поддршка на регионалниот економски развој преку туризмот, културата и другите економски дејности“, што го имплементира Центарот за развој на Југозападниот плански регион. Во рамките на споменатиот проект активности од сличен тип се реализираат и во Вевчани, Струга и Охрид.


Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy