Skip to content

ПРЕДАДЕНИ ВО УПОТРЕБА АПАРТМАНИТЕ НА МОБИЛНОСТ ВО ОХРИД

ДАТУМ

јуни 17, 2022

Категории

Охрид, 16 јуни 2022      Во присуство на претставници на Центарот за развој на Југозападен плански регион како инвеститор, граѓанското здружение МОБИЛНОСТ како краен корисник, изведувачот на работите и надзорниот орган, денес, е извршен технички прием и официјално предадени се во употреба 10-те реконструирани апартмани на ГО МОБИЛНОСТ во Охрид, во комплексот Охридати. Над 700 членови од Мобилност ќе имаат можност, во текот на летниот период, во Охрид, да ги користат овие апартмани за одмор и рекреација. Реконструкцијата го подигна нивото на енергетската ефикасност на објектите преку промена на надворешната и  внатрешната столарија, зголемена изолација, а извршени се зафати за внатрешно преуредување и осовременување на апартманите. Активностите се одвиваа во рамките на проектот „Подигнување на енергетската ефикасност на јавните објекти“, што го спроведува Центарот за развој на Југозападниот плански регион, одобрен од страна на Министерството за локална самоуправа, односно Бирото за регионален развој. ГО МОБИЛНОСТ е формирана 1986 година и како национална инвалидска организација има за задача да ги претставува и застапува лицата со телесен инвалидитет и нивните интереси. Организацијата меѓу другото се грижи и им пружа рекреативни активности на своите членови. Во текот на неколку месеци во Охрид, во реконструираните апартмани, ќе бидат сместени околу 700 членови на Мобилност –   Центарот за развој на Југозападниот плански регион, во текот на годинава, реализира два поголеми проекти – од кои едниот е со цел да се подигне енергетската ефикасност на четири јавни објекти во општините Охрид, Дебрца, Кичево и Дебар, додека во Пласница и Македонски Брод се спроведуваат активности за подигнување на квалитетот на животната средина преку обезбедување на садови за селектирање отпад, односно регулација на каналската мрежа. За оваа намена обезбедени се 20 милиони денари преку Програмата за регионален развој на Бирото за регионален развој од централниот буџет.

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy