Skip to content

Презентација на инвестициски проект во ЈЗПР

ДАТУМ

декември 20, 2022

Категории

Денеска во ЈЗУ Кардиологија „Св. Стефан“ во Охрид беше извршена презентација на инвестицискиот проект „Подобрување на условите за здравствен туризам со реконструкција на ЈЗУ Кардиологија“, набавка на опрема и дигитализација, за што ќе бидат вложени 24,4 милиони денари преку Грантовата шема на Министерството за локална самоуправа и Швајцарската агенција за соработка.
 
 
За овој значаен зафат, пред медиумите и вработените, свое обраќање имаа државниот секретар во МЛС, г.Кирил Парталов, градоначалникот на Општина Охрид, др.Кирил Пецаков, м-р Мирјана Лозаноска- директор на Центарот за развој на ЈЗПР и директор на ЈЗУ др. Елена Коваческа-Башуроска- директопр на специализираната болница за кардионолгија.
 
 
Проектот има три компоненти кои ќе овозможат максимална искористеност на капацитетит на болницата, енергетски заштеди и модернизација во делот на услугите кон пациентите кои тука се рехабилитираат во текот на годината.

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy