Skip to content

Претставени грантистите кои добија средства од UNDP

ДАТУМ

ноември 23, 2023

Категории

На ден 20 ноември во Скопје, во организација на Канцеларијата на UNDP од Скопје, беа претставени 13-те грантисти – општини и центри за развој од државата кои, во рамките на првиот повик организиран како дел од фондот за техничка документација се подржани за изработка на документација за приоритетни инфраструктурни проекти на локално и регионално ниво. Еден од грантистите е и Центарот за развој на Југозападниот плански регион, кои во пет општини од регионот ќе ја подобрува патната и комуналната инфраструктура. Со околу 4 милиони денари добиени преку Шведската влада, Бирото за регионален развој и со учество на партнерите во проектот ќе се изработува техничка документација на потребите на  Охрид, Вевчани, Дебар, Кичево и Пласница.

 

На вчерашниот настан свои обраќања имаа министерот за локална самоуправа, Ристо Пенов, раководителот за развојна соработка на Шведска, Микаел Атерхог, постојаниот претставник на УНДП во земјава, Армен Григорјан и директорот на Бирото за регионален развој, Рамиз Реџепи.

 

Притоа, беше истакнато дека општините треба да посветуваат поголемо внимание и да одвојуваат доволно средства за изработка на техничка документација бидејќи само на тој начин може да се подобруваат условите на локално и регионално ниво.

 

Од страна на проект менаџерот на одделот “Democratic Governance” при UNDP, Јованка Стојанова беше направен осврт кон првиот повик од втората фаза, а беше најавено дека во текот на јануари 2024 г. ќе биде објавен вториот повик за изработка на техничка документација за тематската област – подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух во државава.

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy