Центарот за развој на ЈЗПР, на Општина Кичево, односно на Јавното комунално претпријатие од оваа општина, му предаде контејнери за собирање на отпад, а кои ќе бидат доделени на граѓаните и правните субјекти за понатамошно користење.
Од страна на Центарот за развој на Југозападниот плански регион набавени се 700 контејнери од 120 литри, со што ќе се подобри работата на јавното комунално претпријатие во сегментот на управување со комуналниот отпад во домаќинствата и кај правните субјекти.
Активностите во Општина Кичево се дел од проектот „Јакнење на капацитетите на ЈКП преку набавка на опрема“, што го спроведува Центарот за развој на ЈЗПР, одобрен од страна на Министерство за локална самоуправа, односно Бирото за регионален развој од Програмата за рамномерен регионален развој за 2025 година.

No comment yet, add your voice below!