Во Центар Жупа официјално беше примопредаден нов мини багер, кој ќе им служи на граѓаните за уредување и одржување на општинските улици, зелени површини, патишта и за други инфраструктурни проекти.
Со овој нов багер, општината се стреми кон:
-
Подобро и поефикасно одржување на патиштата и улиците — побрзо реагирање по појава на оштетувања, дупки или други дефекти;
-
Поддршка на големи проекти за уредување на јавни површини — паркови, јавни површини, зелени зони;
-
Подигнување на квалитетот на животот за жителите — поквалитетна инфраструктура, полиња за паркирање, улици, пешачки зони;
-
Подготвеност за итни интервенции — при екстремни временски услови, одрони, поплави или други непредвидени настани.
Набавката на мини багерот е дел од долгорочната програма за модернизација и развој на инфраструктурата на општината и Регионот, со цел да обезбедиме поудобен и безопасен живот за сите жители на нашата општина. Инвестирајќи во механизација како нов багер, ние го олеснуваме и забрзуваме одржувањето и развојот на општинската инфраструктура. Ваквите машини овозможуваат значително поефикасна реализација на градежни и комунални активности — од уредување на патишта, до подготовка на терени за нови проекти.
Проектот го имплементира Центарот за развој на Југозпаден плански регион, додека пак финансиски се поддржува од Министерството за локална самоуправа, од програмата за намалување на диспаритетите во Регионите, и Општина Центарот Жупа како партнер во проектот.

No comment yet, add your voice below!