Советот за развој на Југозападниот плански регион ја одржа својата втора седница на која членовите беа информирани за реализацијата на проектите и активностите на Центарот за развој на ЈЗПР во 2025 година. На седница на Советот, на дневен ред беа точките за Акцискиот план за 2026 година, Годишниот извештај за реализација на Програмата за развој како и Годишните сметки на Центарот за развој, како и Годишната листа со приоритетни проекти за 2026 година.
На седницата, исто така, се дискутираше и за проектите со кои Центарот за развој ќе аплицира во 2026 година по разни програми како и за програмите кои се објавени и отворени за самите општини и јавни комунални претпријатиа.
Материјали од седницата:
- Покана и дневен ред
- Акциски план за 2026 година
- Годишен извештај за реализација на Програмата за развој за 2025 година
- Завршни сметки
- Приоритетни проекти за 2026 година
- Листа на поканети на седница

No comment yet, add your voice below!