Центарот за развој на Југозападниот плански регион, со финансиски средства од Министерството за локална самоуправа и Општина Дебрца, успешно го реализираше проектот: „Опремување на ЈКП Дебрца“, преку кој беше набавен нов трактор, нож за чистење на снег, тракторска телескопски хидраулична рака со мулчер и додаток за кастрење.
Оваа современа опрема ќе биде ставена во употреба од ЈКП „Дебрца“ – Општина Дебрца, со цел зголемување на ефикасноста и безбедноста при одржување на локалните патишта, чистењето на снег во зимски услови, уредувањето на јавните зелени површини и кастрењето на гранките 

Со современа механизација чекориме кон поуреден, побезбеден и поеколошка Дебрца! 
No comment yet, add your voice below!