
Нов мини багер за потребите на Општина Вевчани – ЈКП Еремја

Во рамки на проектот „Набавка на мини багер за ЈКП во Општина Вевчани“, на ЈКП Еремја му беше доделен мини багер во вредност од 1.587.100 денари, со што значително ќе се подобрат условите за извршување на секојдневните активности и услуги кон граѓаните.

Проектот е финансиран од Министерството за локална самоуправа, од програмите за намалување на диспаритетите за 2026 година.

Имплементацијата на проектот е преку Центарот за развој на Југозападен плански регион.
No comment yet, add your voice below!