Skip to content

Просторен план на Република Северна Македонија 2040 – Јавна расправа во Југозападниот плански регион

ДАТУМ

октомври 22, 2026

Категории

📢 Нацрт – Просторен план на Република Северна Македонија 2040 – Јавна расправа во Југозападниот плански регион

Министерството за животна средина и просторно планирање ја информира јавноста дека започнува циклусот на регионални јавни расправи по Нацртот на Просторниот план на Република Северна Македонија 2040.

Петата јавна расправа по Нацртот на Просторниот план на Република Северна Македонија 2040 ќе се одржи во Југозападниот плански регион, со цел презентација на Нацрт-Планот и активно вклучување на институциите, единиците на локалната самоуправа, стручната јавност, засегнатите страни и пошироката јавност.

📅 30 октомври 2026 година

🕛 11:00 часот

📍 Сала за состаноци на Советот на општина Струга

Јавната расправа претставува можност за запознавање со предложените плански решенија, како и за давање мислења, предлози и забелешки во процесот на подготовка на еден од најзначајните стратешки документи за просторниот развој на државата.

Ги покануваме институциите, единиците на локалната самоуправа, стручната јавност, засегнатите страни и сите заинтересирани граѓани да земат учество во јавната расправа и да дадат свој придонес во планирањето на идниот просторен развој на Република Северна Македонија.

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy