Skip to content

Изведба на енергетски ефикасни објекти во ЈЗПР- 2017

Состојба на проект

Реализирани проекти

Датум на отпочнување

октомври 28, 2020

Датум на реализација

ТИП НА ФИНАНСИРАЊЕ

Национални фондови

БУЏЕТ (ДЕНАРИ)

0

Цели на проектот
Намалувањето на потрошувачката на електрична и топлинска енергија преку замена на прозори, изолација на кров и поставување на надворешна термо фасада е основната цел на проектот реализиран во осум јавни објекти во општините Струга – ООУ “Браќа Миладиновци” и Административните канцеларии на Центарот за развој, Вевчани-ЈОУДГ “Планински цвет” и Домот на култура, Кичево- Административен објект на општината, Центар Жупа- ООУ”Мустафа Кемал Ататурк” и СОУ “Ата”, Дебрца- ОУ во село Ботун, Охрид- ЈОУДГ “Јасна Ристеска- Развигорче”
Реализацијата на проектните активности во трите споеманти јавни објекти во регионот значително ја намали потрошувачката на енергија, а со тоа и трошоците на овие едукативни установи. Исто така, во голема мера се подобрени условите за настава во наведените училишта во Струга, Центар Жупа и Дебрца, како и условите за попријатен дневен престој на децата во детските градинки во Охрид и Вевчани и другите јавни објекти опафтени со проектот. Проектот е финансиран преку Програмите за рамномерен регионален развој на Министерството за локална самоуправа и Бирото за регионален развој за 2017 година.
Резултати од проектот
– Набавка и монтажа на систем за греење и реконструкција на котлара во ООУ “Браќа Миладиновци” – Општина Струга;
-Реконструкција на административните канцеларии на Центарот за развој на ЈЗПР;
– Реконструкција на детска градника “Развигорче” во Општина Охрид;
– Замена на стари прозори и врати со нови ПВЦ прозори и врати во Општина Кичево;
– Реконструкција и Изолација на кров во Општина Вевчани;
– Набавка и монтажа на фотоволтаичен систем во градинката “Планински цвет” – Општина Вевчани
– Изработка на надворешна термо фасада во ООУ “Мустафа Кемал Ататурк” и СОУ “Ата” – Општина Центар Жупа;
– Реконструкција и изолација на ОУ во Општина Дебарца;
Времетраење
6 месеци

Галерија

Парнерски општини: /
Документација 

Споделeте го овој проект

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram