Skip to content

Подготовка на техничка документација и изградба на системот за собирање и третман на отпадните води во Кичево

Состојба на проект

Реализирани проекти

Датум на отпочнување

октомври 28, 2020

Датум на реализација

ТИП НА ФИНАНСИРАЊЕ

Национални фондови

БУЏЕТ (ДЕНАРИ)

0

Цели на проектот

Центарот за развој на ЈЗПР, изминативе години, изготви Студија за собирање и третман на отпадните води во Кичевскиот микро регион со финансиска поддршка од Владата на РМ, преку Програмите за РРР. Исто така, со поддршка на ГИЗ РЕД и Швајцарската Агенција за развој и соработка подготвена е Анализа на трошоци и добивки за системот за собирање и третман на отпадните води. Двата документисе изработени согласностандардите на ЕУ, и истите се преведени на Англиски јазик.
Врз основа на овие документи, кои беа презантирани и доставени до Министерството за животна средина и просторно планирање, одобрени се 10 милиони евра од Делегација на ЕУ во Македонија, преку ИПА3 Компонентата за регионален развој. Со средствата се изработи потребната дополнителна техничка документација, по што се пристапи кон изградба на системот.
Резултати
-Изработена потребна техничка документација, согласно стандардите на ЕУ;
-Изработена тендерска документација и спроведена постапка за изведба на системот;
-Реализирани преземените обврски од страна на општина Кичево за експропријација на земјиште;
– Организирани пет работни состаноци со претставници од експертскиот тим, МЖСПП и Општина Кичево;
– Потпишан Договор помеѓу МЖСПП и Општина Кичево.

Галерија

Парнерски општини: /
Документација 

Споделeте го овој проект

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram