Skip to content

Јакнење на капацитетите на ЈКП Кале-Центар Жупа преку набавка на опрема

Состојба на проект

Екологија, Реализирани проекти

Датум на отпочнување

мај 21, 2025

Датум на реализација

декември 10, 2025

ТИП НА ФИНАНСИРАЊЕ

Национални фондови

БУЏЕТ (ДЕНАРИ)

1655400

Цели на проектот

Општа цел:

Основна цел на проектот преку набавката на мини багер машината за чистење на одводни  канали, отстранување на дефекти за водоводната мрежа, одржување на патишта   подобрување на комуналната инфраструктура со цел подобрување на условите за граѓаните во сите населени места кои живеат во Општина Центар Жупа.

 

Специфични цели:

  • Подобрување на инфраструктурата – Овозможување редовно одржување и санација на локални патишта, канали и јавни површини.
  • Санација на оштетувања по природни непогоди – Брзо расчистување на одрони, поплавени подрачја и снежни наноси во зимскиот период.
  • Олеснување на земјоделските активности – Поддршка за локалните земјоделци преку ископ на наводнителни канали, чистење на ниви и поставување нови системи за наводнување.
  • Поддршка за локалните комунални служби – Ефикасно собирање на отпад, чистење на диви депонии и одржување на јавни зелени површини.
  • Изведба на водоводни и канализациски системи – Ископ за поставување или поправка на цевководи, дренажни системи и септички јами во руралните населби.
  • Одржување на мостови и мали премини – Редовна санација на дрвени и бетонски мостови, како и расчистување на наносите под нив.
  • Подобрување на пристапноста до изолирани населени места – Редовно чистење и проширување на патиштата кои водат до тешко достапни села.
  • Економичност и самостојност на општината – Намалување на трошоците за ангажирање надворешни фирми и зголемување на оперативната ефикасност на општинските служби.
  • Подобрување на условите за граѓаните – Забрзано реализирање на инфраструктурни проекти кои директно го подобруваат квалитетот на живот во руралната средина.

 

Резултати:

  1. Намалување на инфраструктурни проблеми –  Подобрување на функционирањето на каналите за надводнување, остранување на дефекти од пукање на чевките за водовод, што значи намалување на губитокот на водата за пиење..
  2. Финансиски и економски придобивки – Намалување на трошоците за итни интервенции и санации, што долгорочно ги штеди парите на локалната самоуправа и подобрување на квалитетот на живот, што може да ја зголеми атрактивноста на општината за инвестиции.
  3. Намалување на ризикот од природни непогоди – Ископи за поставување или поправка на цевководи, дренажни системи и септички јами во руралните населби. Почиста и функционална канализација значи подобро справување со обилни дождови и спречување на поплави во населените места, по чисти патишта од одрони на земјиште, чистење на речни корита.

 

Извештај за реализација на проектот

Галерија

Парнерски општини: Општина Центар Жупа
Документација 

Споделeте го овој проект

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram