Skip to content

Реализирани регионални проект

ДАТУМ

октомври 29, 2020

Категории

Со примо-предавањето на реконструираната детска градинка Пеперутка во Струга, извршено од страна на Градоначалникот на Општина Струга, Рамиз Мерко и директорот на Бирото за регионален развој, Рамиз Реџепи, Центарот за развој на ЈУГОЗАПАДНИОТ плански регион ја завршува годинава со успешна реализација на три регионални проекти, а за чии активности беа  инвестирани 26 милиони денари.

Детската градинка Пеперутка во Струга добри нова ПВЦ столарија, извршена е термичка изолација на таваните, поставена нова електрична инсталација со штедливи светилки и набавена е опрема од висока енергетска класа за кујна и перална. За овие зафати инвестирани се 2,6 милиони денари. Покрај на овој објект, зафати со цел да се подобри енергетската ефикасност на јавните објекти во ЈУГОЗАПАДНИОТ плански регион извршени се и во Охрид, во детската градинка Развигорче, на објектот на заедницата во Волино и на новата општинска зграда во Кичево. За извршените работи вложени се 10,6 милиони денари, средства добиени од Програмите за регионален развој на Министерството за локална самоуправа, Бирото за регионален развој, како и сопствено учество на општините Охрид, Струга, Дебрца и Кичево.

Во рамките на проектот за реконструкција и изведба на нова патна мрежа, Центарот за развој на ЈУГОЗАПАДНИОТ плански регион, изврши рехабилитација на локалниот пат во Баланци, Општина Центар Жупа, со должина од 1 км, и на сервисната улица Партизанска во Македонски Брод чија должина е 682 м. Имено, на двете сообраќајници, поставен е нов асфалтен слој, а извршено и извесно продолжување на патот во Баланци. Во Охрид, во централното градско јадро, изградена е новата пешачка патека во должина од 325 м, од Саат кула до ОУ Свети Климент Охридски, со што е подобрена туристичката инфраструктура во стариот дел на градот.   Вредноста на трите извршените зафати е 11,2 милиони денари.

Со последно реализираниот проект подготвена е техничка документација, односно изработени се основни проекти за реконструкција на постојни градски улици и локални патишта во Охрид, Струга, Вевчани, Дебрца и Кичево. Изготвената документација ќе овозможи  општините да ја подобрат локалната патна инфраструктура во должина од 18 км, а патем да ги решат и другите комунални проблеми како што е  изведбата на нова канализациона и атмосферска мрежа. Вкупната вредност на изготвената техничка документација е 3,4 милиони денари.

Согласно определбата на Владата на РМ за зголемување на средствата за рамномерен регионален развој, следната 2019 година, преку Програмите на надлежното министерство и на Бирото за регионален развој и поднесените проекти на Центарот за развој на ЈУГОЗАПАДНИОТ плански регион, во деветте општини од овој дел на Македонија, ќе бидат инвестирани околу 39,5 милиони денари. Советот за развој на регионот донесе одлука овие средства да бидат наменети за продолжување на активностите за подобрување на енергетската ефикасност на јавните објекти со кои располагаат општините, подобрување на патната инфраструктура, преку реконструкција на повеќе сообраќајници, како  и подготовка на основни проекти за развивање на патната мрежа во Регионот.

Галерија

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy