Skip to content

Ќе се реконструираат улиците Даме Груев и Момчило Јорданоски

ДАТУМ

март 18, 2022

Категории

17 Март  Со воведувањето во работа на фирмата Маркоски К73 од Струга, како носител на групна набавка, започнаа подготвителните активности за реконструкција на улиците Даме Груев и дел од Момчило Јорданоски во Охрид, што ќе донесе подобри сообраќајни решенија за жителите од населбите Христо Узунов и Гоце Делчев, позната како Бараки.  Се очекува да се изврши и регулацијата на атмосферските води, а ќе бидат реконструирани и тротоарите за да се обезбеди поголема безбедност на пешаците.

– Активностите во Охрид се дел од проектот „Поддршка на регионалниот економски развој преку туризмот, културата и другите економски дејности“, што го имплементира Центарот за развој на Југозападниот плански регион, преку Програмата за регионален развој на Министерството за локална самоуправа и Бирото за регионален развој за 2022 година. За реконструкција на овие сообраќајници обезбедени се околу 18 милиони денари, поголемиот дел од централниот буџет, а со дел на средства учествува и Општина Охрид, како партнер во проектот, нагласува директорката на Центарот за развој на Југозападниот плански регион, м-р Мирјана Лозаноска.

На воведувањето во работа на кое присуствуваа претставници на Општина Охрид, ЈП Нискоградба, Изведувачите на работите, Надзорниот орган и Центарот за развој на Југозападниот плански регион беше разгледана динамиката на работа и активностите што треба да се реализираат со цел да се подобрат комуналните услови на жителите во населбите Христо Узунов и Гоце Делчев.

Во рамките на проектот „Поддршка на регионалниот економски развој преку туризмот, културата и другите економски дејности“, чија вкупна вредност е скоро 45 милиони денари, ќе се врши реконструкција на улиците во стариот дел на Струга, партерно ќе се уредува Туристичкиот центар „Коста Србакоски“ во Вевчани и ќе реконструира локалната сообраќајница од Центар Жупа до селото Бајрамовци, во Општина Центар Жупа, вели на крајот директорката на Центарот за развој на Југозападниот плански регион, м-р Мирјана Лозаноска.

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy