Skip to content

Партерно ќе се уредува туристичкиот центар во Вевчани

ДАТУМ

март 24, 2022

Категории

23 март, Вевчани     Центарот за развој на Југозападниот плански регион изврши воведување во работа на економскиот оператор Тане 2007 кој, по пат на спроведена тендерска постапка, е ангажиран за партерното уредување на Туристичкиот центар „Коста Србакоски“ во Вевчани. Објект чија корисна површина е 1.400 м2 е  наменет за културни и едукативни активности, има галерија за промоција на богатото културно наследство на Вевчани, музејска просторија за презентирање на флората и фауната од заштитеното подрачје Споменик на природа „Вевчански извори“ и планината Јабланица.

Согласно изготвената проектна документација на дворното место со површина од 910 м2 ќе биде поставен  декоративен камен, ќе се изградат пристапни патеки до главниот и помошниот влез, простори за одмор, ќе биде поставена урбана опрема и осветлување, а ќе се изврши и хортикултурно уредување на просторот.

Вкупната инвестиција за дворното уредување на Туристичкиот центар е 4,6 милиони денари и истите се обезбедени преку Програмата за регионален развој на Министерството за локална самоуправа и Бирото за регионален развој.

Покрај во Вевчани, во рамките на проектот „Поддршка на регионалниот економски развој преку туризмот, културата и другите економски дејности“, што го реализира Центарот за развој на Југозападниот плански регион, активности се спроведуваат во Охрид, Струга и Центар Жупа.

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy