Skip to content

ПРЕДАДЕНИ ВО УПОТРЕБА ПЕТ РЕКОНСТРУИРАНИ УЛИЦИ ВО СТРУГА

ДАТУМ

февруари 1, 2023

Категории

Центарот за развој на Југозападниот плански регион  и  ангажираниот економски оператор – фирмата Маркоски К73 ДООЕЛ Струга успешно ја завршија реконструкција на петте улици во стариот дел на Струга, со што целосно се реализирани сите планирани активности во рамките на проектот „Поддршка на регионалниот економски развој преку туризмот, културата и другите економски дејности“ , одобрен од страна на Министерството за локална самоуправа и Бирото за регионален развој.

 

Станува збор за реконструкција на улиците „27-ми Март“, „Нико Нестор“,„Браќа Миладиновци“, „Гоце Делчев“  и „Димитар Влахов“ со должина од 600 м и површина од околу 3200 м2. На терен во изминативе неколку месеци се вадеа старите камени блокови, се постави нов тампонски слој и армирано-бетонска подлога, по што се изврши повторно монтирање на стариот камен со цел да се зачува автентичноста на старата чаршија.  Вкупната вредност на извршните работи е скоро 13,6 милиони денари, а средствата се обезбедени од централниот буџет на државата, како и партнерот – Општина Струга.

 

Паралелно  на улиците се реализираше и проектот на Општината за поставување на нова водоводна мрежа и обезбедување приклучоци за околу 100 семејни куќи во овој дел на градот, за што дополнително беа вложени околу 5 милони денари од буџетот на Општина Струга. На споменатите улици беа поставени и нови водови на ЕВН, Телеком и локалните провајдери.

 

Центатот за развој на Југозападниот плански регион, покрај во Струга, во рамките на споменатиот проект изведуваше работи за реконструкција на улици во објекти и во Охрид, Вевчани и Центар Жупа за што вкупно се вложени околу 50 милони денари. Поголем дел од средствата се од Буџетот на државата, но и од сопствено учество на општините-партнери во проектот. Целта на проектот е преку подобрување на локалната инфраструктура да се подигнат туристичките перформанси на општините, како и да се зајакнат економските  активности во таргетираните средини.

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy