Skip to content

Ќе се реконструира Заводот за Нефрологија во Струга

ДАТУМ

март 1, 2023

Категории

Нешто над 24 милини денари ќе бидат вложени во болницата за Нефологија од Струга со цел да се реконструира централниот и објектот во кои се врши хемодијализа што се наоѓа во близина на езерото, првенствено со цел да се подигне енергетската ефикасност на овој значаен болнички центар, но и да се подобрат условите за вработените и пациентите. Ова денес е официјализирано со потпишувањето на договорот за реализација на овој капитален објект, што од страна на Министерството за локална самоуправа го потпиша министерот Ристо Пенов и директорот на Центарот за развој на Југозападниот плански регион, Мирјана Лозаноска, институција која е носител на проектот.

 


Министерот Пенов очекува дека со реализацијата на предвидените активности значајно ќе се подобрат условите и развивање на можностите на здравствениот туризам бидејќи овој објект во минатото бил користен од страна на значаен број на посетители кои престојувале на брегот на Охридското Езеро, а имале потреба од вршење на хемодијализа. Во контекстот на подигнување на условите за ваков вид на туризам, како значајни инвестиции во овој дел на регионот, Министерот Пенов ги спомена и реконструкциите на објектите на болницата за Кардиологија во Охрид и за белодробни заболувања во Преспа.

 


Согласно изработениот технички проект средствата ќе бидат вложени во замена на ПВЦ столаријата и вградување на системи за кислород, производство на санитарна топа вода, како и производство на електрична енергија преку инсталација на 40 Кw фото-напонски систем, истакна Мирјана Лозаноска од Центарот за развој, претставувајќи ги пред присутните проектните активности. Покрај тоа значаен дел на средства ќе бидат вложени во целосна реконструкција на објектот покрај езерото со цел да подигнат условите за вршење хемодијализа за пациентите од околината, но и за посетителите што имаат такви потреби, а сакаат да престојуваат во охридско-струшкото крајбрежје.

 


Благодарност за поддршката на овој проект изразија директорот на болницата, Александар Попоски и струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, кои истакнаа дека ова е значајно вложување во болницата за Нефрологија од нејзиното основање од пред четири и пол децении.

Средствата за реконструкција се обезбедени од централниот буџет на државата, Швајцарската агенција за развој и соработка, Општина Струга, како  и од сопствени средства на болницата.

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy