Skip to content

Сметот и кучињата скитници жешки теми во Регионов

ДАТУМ

март 30, 2023

Категории

,

На денешната редовна седница на Советот за развој на Југозападниот плански регион, со која претседаваше градоначалникот на Охрид, д-р Кирил Пецаков, договорено е во текот на оваа година главните активности да бидат насочени кон  решавање на проблемите со комуналниот отпад и со кучињата скитници. Во контекст на овие жешки теми за Регионот, членовите на Советот за развој, се договорија да се оствари средба со министерот за животна средина, Каја Шукова со цел да бидат запознати со досегашните процеси, при што приоритено е да се интензивира нивното решавање бидејќи истите се сериозен проблем за најзначајниот туристички регион во држава.

Договорено е да бидат искористени можностите за изработка на техничка документација за изградба на еден или два стационари во Регионот
каде што би се пристапило кон хумано решавање на проблемот со кучињата скитници.


Исто така, членовите на Советот бараат да бидат запознати со инегралното решавање на комуналниот отпад за Југозападниот и Пелагонискиот
регион, а за за што се обезбедни средства преку заем од ЕБРД и дел од донаторската зедница. Според последните информации во текот на оваа година ќе се пристапи кон набавка за возила, контејнери и корпи за отпадоци и почеток за работите за изградба на трансфер станиците, со цел потоа да отпочнат работите од првата фаза од израдба на регоналната депонија во Новаци.


На денешната седница членовите на Советот за развој ги разгледаа и усвоија годишните  извештаи за работењто на Центарот за развој, при што беше изразено задоволство од темпото на работа и обезбедените средства. Се очекува и оваа година да продолжат крупини инвестициони вложуавања  како што се реконструкцијата на двете болници за Кардиолошки заболувања во Охруд и за Нефрологија во Струга. Покрај тоа, значајни инвестиции ќе има за решавање на енергетските и проблемите со енергетската ефикасност на јавните објекти, како и подобрување на патната инфраструктура. За оваа намена обезбедени се околу 100 милиони денари од домашни и донаторски извори.

На седницата беа разгледани и едногласно усвоени Предлог-одлуката и одлуката за усвојување на Годишниот извештај за реализација на Програмата за развој на Југозападниот плански регион за 2022 година со интегриран Финансиски извештај и Предлог-одлуката и одлуката за усвојување на годишните сметки за работењето на Центарот за развој на Југозападниот плански регион во 2022 година и за проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој-II фаза на спроведување“.


По завршувањето на седницата, градоначалинот на Општина Охрид, д-р Кирил Пецаков организира неформален прием за другите градоначалници од Регионот на која беа договорени следните активностите на Советот за развој.


Покана и дневен ред

Извештај за реализација на Програмата за развој во 2022 година

– Годишна сметка на Центарот

– Годишна сметка на проектот: „Одржлив и инклузивен РР – II фаза“

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy