Skip to content

Втор форум за регионални проекти за период 2024/2025

ДАТУМ

декември 13, 2023

Низ дебата околу 50-тина претставници на значајните засегнати страни од Југозападниот плански регион, на вториот регионален форум, одржан во Струга, ги рангираа концептите за регионални проекти со кои Центарот за развој ќе аплицира кај Министерството за локална самоуправа, односно Бирото за регионален развој за програмскиот период 2024/2025 година.

 

Согласно извршеното рангирање најмногу гласови добри проектот за подобрување на условите во животната средина во кои се предвидени активности за зголемување на капацитетите на ЈКП и Противпожарните единици преку набавка на возила и опрема. Второ рангиран е проектот за подобрување на локалната патна инфраструктура во осум општини од Регионот, а трет е проектот за зголемувањето на енергетската ефикасност на јавните објекти во општините преку поставување фотонапонски панели и изготвување на техничка документација за тој тип  на зафати според потребите на општините од Регионот.

 

Проектните концепти наскоро ќе бидат разгледани од страна на Советот за развој, по што ќе биде  утврдена годишната листа на проекти со кои Центарот за развој ќе аплицира кај Министерството за локала самоуправа, односно Бирото за регионален развој.

 

Се очекува да бидат поддржани проекти од регионално значење во висина од 58 милиони динари, средства што ќе се обезбедат од централниот буџет на државата од следната и од 2025 година.

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy