Skip to content

Нови три апарати за ЈЗУ Нефрологија- Струга

ДАТУМ

март 21, 2025

Категории

На ден 18.03.2025 Центарот за развој на Југозападен плански регион на ЈЗУ Нефрологија – Струга, во рамки на проектот  “Реконструкција на ЈЗУ Нефрологија Струга и креирање на услови за здравствен туризам во ЈЗПР“,  му го предаде опремата –  три апарати за хемодијализа, хемодијафилтрација и хемофилтрација.

 

Овие апарати ќе овозможат подобрена грижа за пациентите со хронична бубрежна инсуфициенција, како и за оние со акутни состојби кои бараат напредни методи на прочистување на крвта.

 

Придобивки од набавката:

  1. Подобрен квалитет на третманот – Новите апарати нудат повисоко ниво на ефикасност во отстранувањето на токсините и вишокот течности од крвта, со што се подобрува општата здравствена состојба на пациентите.
  2. Зголемена достапност на услугите – Со проширување на капацитетите на установата, ќе се намали времето на чекање за пациентите кои имаат потреба од дијализни третмани.
  3. Намалување на ризиците и компликациите – Современите технологии кои ги поседуваат новите апарати овозможуваат понапредни и посигурни методи на третман, што директно влијае на намалување на несаканите ефекти кај пациентите.
  4. Поддршка за акутни случаи – Покрај хроничните пациенти, со овие апарати ќе може поефикасно да се третираат и пациентите со акутна бубрежна инсуфициенција, што е особено важно за итните случаи во регионот.
  5. Подобрување на работните услови за медицинскиот персонал – Медицинските работници ќе имаат на располагање современа опрема која овозможува попрецизен и побезбеден мониторинг на третманот.

 

Со оваа инвестиција, ЈЗУ Нефрологија – Струга значително ќе го зголеми капацитетот за третман и ќе овозможи поквалитетна здравствена заштита за пациентите, што ќе придонесе за подобро здравје и подолг животен век на лицата кои се соочуваат со бубрежни заболувања.

 

Проектот е имплементиран од Центарот за развој на ЈЗПР, додека е финансиран преку Министерство за локална самоуправа и Владата на Швајцарската Конфедерација / Швајцарска агенција за развој и соработка во вредност од 3.669.000,00 МКД .

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy