Skip to content

Рангирани концептите за регионални проекти за следниве две години

ДАТУМ

декември 2, 2022

Претставниците на општините и другите значајни страни од Југозападниот плански регион, на денешниот втор форум, одлучија на Советот за регионален развој да му предложат три концепти на регионални проекти за кои ќе се бараат средства од Програмата за рамномерен регионален развој на Министерството за локална самоуправа, односно од Бирото за регионален развој за 2023 и 2024 година. Согласно извршеното бодување, околу 50-тина учесници на форумот, најмногу гласови му дадоа на концептот „Употреба на обновливите извори на енергија со поставување на фото-напонски панели“, во кој како партнери се јавуваат општините: Пласница, Македонски Брод, Дебар и Струга. На второ место е концептот за „Подобрена енергетската ефикасност“, при што партнери се општините Кичево, Вевчани, Охрид и Дебрца и на трето место е концептот за „Реконструкција на патната инфраструктура со цел подобрување на туристичката понуда“, а партнери се општините Вевчани, Пласница и Центар Жупа.

Се очекува до почетокот на февруари 2023 година да  бидат оформени целосни проектни апликации со задолжителната техничка документација и пресметки, а со кои ќе се аплицира кај Министерството за локална самоуправа, односно Бирото за регионален развој. Во целиот процес на селекција и одлучување за проектите ќе бидат вклучени и градоначалниците, односно деветте членови на Советот за развој на  ЈУГОЗАПАДНИОТ плански регион.

Според првичните информации вкупниот буџет за регионални проекти во Југозападниот плански регион се очекува да биде околу 54 милиони денари. Овие средства, што се издвојуваат од националниот буџет, ќе бидат наменети за решавање на приоретизираните потреби на деветте општини, односно на граѓаните и другите значајни субјекти на регионално ниво. Програмата е двегодишна, односно за 2023/24 година, што значи дека имплементацијата на проектите ќе се одвива во споменатиот период.

Покана и Дневен ред

Листа на учесници

Записник од модератор

Евалуација на форумските сесии

Записник/Извештај од експерт

– Проектен концепт „Поставување на фотонапонски системи во јавни објекти“

– Анализа на трошоци и придобивки „Поставување на фотонапонски системи во јавни објекти“

– Проектен концепт „Подобрена енергетска ефикасност во ЈЗПР“

Анализа на трошоци и придобивки „Подобрена енергетска ефикасност во ЈЗПР“

– Проектен концепт „Реконструкција на патна инфраструктура“

– Анализа на трошоци и придобивки „Реконструкција на патна инфраструктура“

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy